„Измените во КЗТ“ – обука за економските оператори во петок

Царинската управа на Република Македонија информира дека во април 2016 година од страна на Мешовитата комисија ќе бидат усвоени измени во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, чија примена започнува од 1 мај 2016 година.

Со цел запознавање со измените во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, Царинската управа организира обука за економските оператори. Посебен осврт на обуката ќе се даде на измените во начинот на спроведување на заедничката и националната транзитна постапка и на измените во гарантните документи кои ќе започнат да се применуваат од 1 мај 2016 година.

Обуката ќе се одржи на 22ри април (петок) во Централната управа во Скопје, со почеток во 11,00 часот.

Се покануваат сите заинтересирани лица кои во своите деловни процеси ја применуваат транзитната постапка и лицата кои издаваат гаранции за обезбедување на долг во транзитна постапка, да присуствуваат на обуката.

Предавачи на обуката се царински службеници од Одделението за гранични и транзитни формалности при Секторот за царински систем.