ДЗС: Да не се пали оган на отворен простор и небезбедни места

За поуспешна заштита од настанување на евентуални пожари, Дирекцијата за заштита и спасување  ги посочува следните предупредувања до сите граѓани на Република Македонија:

-да не се пали оган на отворен простор и небезбедни места

-да не се палат стрништа, меѓи и други површини

-да не се фрлаат стаклени шишина и друга стаклена амбалажа

-да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал

-да не се фрлаат остатоци од цигари.