1 мај – Денот на трудот и 2 мај – втор ден Велигден, неработни денови

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2016 година (недела), Денот на трудот, односно 2 мај 2016 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), и 2 мај 2016 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на трудот, а на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.