Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 6 јули минатата година, од страна на полициски службеници во Охрид е затекнат пријавениот, а од извршен преглед и претрес во домот пронајдени се и одземени 19,31 грам наркотична дрога марихуана.