Охрид промовиран на Саемот во Ниш

Делегација на општина Охрид, предводена од заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев и претставници на Секторот за туризам и ЛЕР, деновиве оствари уште една успешна и забележителна презентација на мегународните саемски манфестации.

Од 25 до 26 април, на саемот за туризам во Ниш, Република Србија, претставниците на општина Охрид ја претставија туристичката понуда и туристичкиот потенцијал со кој располага градот.

На саемот беа промовирани природните и културни вредности застапени во многубројните брошури и проспекти односно, туристички презентативен материјал со кој располага општина Охрид адаптиран за светските туристички пазари. Саемското претставување се однесуваше на широката публика во чие средиште се наоѓа регионалниот туристички корисник или гостин, како еден од најбројните потрошувачи на туристичките услуги во Охрид во последниве неколку години.

Во склоп на промоцијата и понуда на охридскиот туризам на „Охридската вечер“ се реализираа поголем број средби помеѓу претставници на агенции и туроператори, и субјекти од туристичката индустрија.

Пред претставниците на туристичките агенции, туроператори, медиуми, новинари и претставници на туристичките комори и општини од централна и јужна Србија, беше потврден заедничкиот интерес од размена на искуства, остварување контакти и склучување договори со што во голема мера ќе допринесат за развој на туризмот и афирмација на Охрид како атрактивна туристичка дестинација.