Утре и задутре „Велигденски саем“ во Охрид

Во организација на локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Црвен крст Охрид, по трет пат, на 28 и 29 април, ќе се одржи манифестацијата „Велигденски саем“. На просторот на плоштадот “Крушевска Република“ на повеќе штандови ќе биде изложена традиционална храна, колачи, велигденски украси и ракотворби, а собраните средства од продажбата ќе бидат доделени на социјално загрозените семејства во градот.

На манифестацијата што ќе има хуманитарен карактер ќе учествуваат ученици од охридските училишта, детските градинки и играорни групи.