Фудбалски натпревар помеѓу стари и млади во Велгошти

По повод верскиот празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организира фудбалски натпревар помеѓу стари и млади.

После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат коктел во просториите на КУД „Илинден” од Велгошти.

Натпреварот започнува во 10:00 часот во понеделник, 02.05.2016 (Втор ден Велигден) на фудбалското игралиште во Велгошти.