Основците од „Живко Чинго“ се вклучија во Неделата на солидарноста

ОУ „Живко Чинго“, Велгошти се вклучи во одбележувањето на Неделата на солидарноста од 18-24 април, под мотото „Вашиот прилог – Значајна помош“.

„Учениците и вработените од нашето училиште организираа Хуманитарна акција, во која се собраа пакети со храна и облека, кои ќе бидат донирани на граѓани од Охрид и Дебрца на кои им е неопходна помош од ваков вид.“- велат од училиштето.