СВР Охрид со превентивни мерки во текот на празничниот продолжен викенд

Во текот на празничниот продолжен викенд, СВР Охрид ќе презема ефективни, пред се превентивни мерки, со цел зачувување на јавниот ред и мир и подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот.

Мерките на полициските службеници ќе се насочат кон учесниците во сообраќајот што ги кршат сообраќајните правила и прописи и не ги почитуваат законските одредби од Законот за безбедност во патниот сообраќај. Мерки, посебно ќе се преземаат кон сторителите на казнени дела, со цел елиминирање на можностите за нарушувања и загрозување на јавниот ред и мир и вршење имотни деликти.

Викендов ќе има контролни активности низ угостителските објекти кои ќе се реализираат согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за заштита од пушење, законот за угостителска дејност, законот за туристичка дејност како и по други законски основи од кривичниот законик. Акцент ќе биде ставен на присуство на малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот и точење алкохол на малолетни лица.

До сите граѓани, од СВР Охрид апелираат на максимална совесност во однесувањето, почитување на правилата и прописите и целосен ангажман во зачувувањето на безбедноста на подрачјето.