Старите победија на фудбалскиот натпревар во организација на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти

По повод верскиот празник Велигден, Месниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти организира фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. 

Натпреварот се одигра во спортската сала „Тодор Александров“, Велгошти. Пред натпреварот следуваше културно уметничка програма на КУД Илинден. 

Фудбалскиот натпревар заврши со победа на старите од 6:4, односно победа на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти против УМС на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти.

После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат велигденски коктел во просториите на КУД „Илинден” од Велгошти.

WebOhrid