Од полноќ нови, повисоки цени на нафтените деривати

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 5,27 %.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.04.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.04.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.04.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,604 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.04.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 18,535 ден/кг.