Потпишан меморандум за соработка помеѓу ИО „Пионер“ Охрид и ИК „Јавор“ од Хрватска

Во периодот од 27ми до 30 април, во Охрид беше остварена работна средба помеѓу раководствата на Извидничкиот одред „Пионер” од Охрид и извидничкиот клуб „Јавор” од Осијек Р.Хрватска.

IMG_2372
Средбата резултираше со потпишување со меморандум за соработка помеѓу извидниците од Охрид и Осијек преку кој што во иднина ќе се спроведуваат заеднички активности во Р.Македонија и Р.Хрватска.

Во рамки на посетата, гостите кои за прв пат беа во нашиот град, им беа претставени убавините на градот и можностите за престој и реализирање на активности, од кои што истите беа воодушевени.

IMG_2491

„Оваа работна средба нуди уште една можност да ја зголемиме туристичката понуда и Охрид да го претставиме пред големото извидничко семејство кое на светско ниво брои повеќе од 40.милиони членови-извидници.“– велат од ИО „Пионер“ Охрид.

IMG_2268