Македонија остана на 141 место на ФИФА рејтинг листата

Без промени за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа. Македонската фудбалска репрезентација и овој месец останува на 141-то рекордно најниско место за нас.

Нема промени и на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде останува водечката тројка Аргентина, Белгија и Чиле.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Лаос, со скок од +6 места се најде на 176 место, додека пак најголем пад од -14 места има репрезентацијата на Кувајт која се најде на 140 место.

WebOhrid