Отслужена света архиерејска литургија за Светли четврток

Православните христијани денеска го одбележуваат Светли Четврток. По тој повод, во манастирот „Св. Јован Богослов“ -Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.