Претставата „Љубопитната принцеза“ одиграна пред основците од „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“, пред учениците се одигра преставата „Љубопитната принцеза“ во адаптација на познатата актерка Шенка Колозова. Актерската екипа ја сочинуваа Ванчо Петрушески (царот), Владо Дојчиноски (принцот), Пируника Киселичка (принцезата) и Дубравка Киселичка (лошата Самовила).

GE DIGITAL CAMERA

„Драмата преставува уште една убава бајка која е адаптирана на сцена полна со магија и фантазија која целосно ги воведува младите гледачи во приказната. Карактерот на претставата е доста интерактивен, забавен и се разбира поучен“- изјави актерот Ванчо Петрушески.

GE DIGITAL CAMERA

По претставата учениците се дружеа и фотографираа со актерската екипа.

GE DIGITAL CAMERA

„Убав ден е во нашето училиште кога децата се радуваат, а впрочем присуството на еминентни актери и нивно дружење со нашите ученици е секако несекојдневно доживување за учениците.“  – вели директорот Тони Симоновски.

GE DIGITAL CAMERA