Викендов во Охрид ќе се одигра завршниот турнир од Детската фудбалска лига – Југозападен регион

Регионалниот завршен турнир од ФФМ Детската фудбалска лига Југозападен регион ќе се одржи викендов (14-15 мај) на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“.

Детската фудбалска лига е проект поддржан од Фудбалската федерација на Македонија, а реализиран од фудбалските школи од Охрид, Струга и Дебар во која учествуваат над 500 дечиња.

Завршниот турнир од Детската фудбалска лига ќе започне в сабота во 9:00 до 12:00 часот и 15:00 до 19:30 часот со полуфиналните мечеви, додека пак финалните натпревари се закажани за во недела од 10:00 до 14:00 часот. Доделувањето на Пехарите и медалите е закажано за недела во 14:15 часот.

Победниците од шесте генерации (2002-2007) обезбедуваат учество на завршниот турнир на државно ниво кој традиционално се одржува во Скопје.

Zavrsen turnir