Хет-трик на Несторовски – најдобриот стрелец во хрватската лига оваа сезона

Илија Несторовски постигна хет-трик за Интер Запрешиќ во победата од 4:2 против тимот на Осиек. Најпрво, тој го отвори резултатот од пенал во 40 минута, во 51 минута ја зголеми предноста за својот клуб на 2:0, а во 85 минута повторно од пенал му донесе предност од 3:2 на Интер Запрешиќ. На крајот, неговиот клуб успеа да го зголеми резултатот на 4:2.

Илија Несторовски е најдобар стрелец оваа сезона во Хрватската Прва Лига со вкупно 25 голови, пред уште еден наш интернационалец – Музафер Ејупи кој е втор на листата на стрелците со 15 постигнати голови.

WebOhrid