Ученик од ОУ „Св.Климент Охридски“ освои трето место на Државниот натпревар по слободно летечки модели

Ученикот Александар Цветановски од ОУ„Св.Климент Охридски“, Охрид го освои третото место на Државниот натпревар по слободно летечки модели од вкупно 50 учесници, кој се одржа во Прилеп на спортскиот аеродром.

Со освојување на ова место ученикот се здоби со учество на Светско првенство, на кое ќе има учесници од 70 земји и над 200 судии.