Во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина

Од денес до 21 мај, за прв пат, во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина, во организација на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје. Обуката е акредитирана од Агенцијата за циивилно воздухопловство, согласно позитивните законски прописи во земјава од оваа област, а ќе ја посетат 24 лица- лекари, психолози како и медицински персонал од повеќе здравствени установи во земјава.

Предавањата ќе ги реализираат еминентни стручни лица од сферата на воздухопловната медицина од Хрватска и Србија, како и врвни специјалисти од повеќе области од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје, клиниката за хематологија.

Обуката, на високо стручниот медицински персонал и психолозите, ќе им овозможи стекнување широк спектар на искуства и нови знаења во нивната понатамошна работа со воздухопловниот кадар во земјава.

По завршувањето на стручното оспособување, посетителите, ќе се стекнат со Потврда за завршена Основна обука за медицинска селекција и надзор на уверенија на персонал за летање, со што практично, за релативно краток временски период, голем број обучени лекари, психолози и медицински персонал, ќе се вбројат во графата на високо стручно обучени кадри, подготвени да одговорат на исклучително сложените задачи, како драгоцена и неопходна карика во подготовката на пилотите и другиот стручен персонал на воздухопловната индустрија, за квалитетно и долготрајно извршување на нивните летачки задачи.

Агенцијата за цивилно воздухопловско, пак во делот на своите регулаторни надлежности кои значат високо стручна, сертификацијата на лекари и здравствени установи, првични и стручни лекарски прегледи, како и континуиран инспекциски надзор на медицинските служби на аеродромите, и натаму останува доследна на својата визија, мисија и стратешки цели, обезбедување европски профилирано модерно, современо, сигурно и безбедно воздухопловство во интерес на патувачката јавност и сите чинители на воздухопловната индустрија.