Матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ја прославија матурската вечер

Матурата е ден од соништата, ден на забава, веселба, дружење и сеќавање на убавите моменти од средното образование…

Матурската забава е настан којшто се чека цела година.

Матурантите од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ја имаа својата матурска забава во хотелот „Милениум“, организирајќи до најситен детаљ с`е да биде совршено.

Најпрво во училишниот се фотографираа и играа пеејќи со музиката за која се погрижија самите ученици поканувајќи трубачи а потоа организирано тргнаа кон х. „Милениум“ каде што славеа до раните утрински часови.

Со подеднаква раскошност и момчињата и девојчињата како тукушто да стигнале од гламурозен фестивал во весела атмосфера до раните утрински часови ја прославија незаборавната ноќ во која играа, пееја и ги прераскажуваа средношколските случки, мигови поминати во средношколските клупи и незаборавни моменти.

Честито матура!