Општинскиот инспекторат ќе ги санкционира туристичките водичи кои работат на диво

Денес овластените туристички инспектори при општинскиот инспекторат во координација со државниот пазарен инспекторат извршија контрола на повеќе туристички групи во централното градско подрачје при што беа затекнати нелегални туристички водичи и истите на лице место беа санкционирани од страна на инспекторите.

Од општинскиот инспекторат истакнуваат дека ваквите контроли и во иднина ќе продолжат и потсетуваат дека сите туристички групи кои вршат разглед на градот треба да се придружувани од локален туристички водич или придружник согласно законските одредби.

Во Охрид регистрирани се околу 90 легални туристички водичи.