Во среда свечено ќе биде отворен Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид

На 25ти (среда) во 12:00 часот во Конгресниот центар, Коњско, Охрид, свечено ќе биде отворен Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

На отворањето ќе присуствуваат претставници на Министерството за надворешни работи на Р. Македонија, претставници на дипломатскиот кор, гости од Руската Федерација, претставници на институциите и бизнис заедницата и други гости.