Свети Стефан, патријарх Цариградски

Денес е празник посветен на Свети Стефан, патријарх Цариградски.

Син на царот Василиј Македонец и брат на царот Лав Мудриот. На патријаршискиот престол дојде после Фотиј и со Црквата Божја управуваше од 889 до 893 година. Мирно се упокои и се престави кај Господ, Когошто многу Го љубеше.