УНИЦЕФ изрази загриженост поради смртта на бегалците и мигрантите во Средоземното Море

УНИЦЕФ изразува загриженост поради бројот на смртни случаи на мигранти и бегалци во изминатата недела во централниот Медитеран, од кои за многумина се верува дека се непридружувани малолетници.

Во исчекување на голем летен пораст на бројот на деца-мигранти што го користат опасниот премин меѓу Либија и Италија, УНИЦЕФ наскоро ќе започне соработка со италијанската влада и партнерите заради обезбедување поддршка за нивна заштита.

Поголемиот дел од децата кои го користат преминот се адолесценти без придружба и се соочуваат со ужасни злоупотреби, експлоатација и можност за смрт на секој чекор од својот пат.

„Приказните што јас лично ги слушнав од децата на ова патување се ужасни. Ниедно дете не треба да се соочи со нив. Нивниот живот е во рацете на шверцерите кои не ги интересира ништо друго освен парите што им ги изнудуваат“, – вели Мари-Пјер Поаре, специјален координатор на УНИЦЕФ за европската бегалско-мигрантска криза.

Просечно 1.000 деца без придружба месечно пристигнуваат во Италија оваа година, но УНИЦЕФ очекува овие бројки да пораснат во наредните месеци.