Богослужба по повод јубилејот 1000 години од упокојувањето на Св.Јован Владимир и осветување на новоизградениот конак Пресвета Богородица – Заум

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 3 јуни (петок), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи празнична вeчерна богослужба по повод јубилејот 1000 години од упокојувањето на Св.Јован Владимир. На вечерната богослужба ќe чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 4. јуни 2016 (сабота), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

По завршувањето на литургијата – ќе следи Промоција на зборникот „Св.Јован Владимир“.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св.Софија“ во Охрид (едноцрквие).

На 5 јуни (недела) – во манастирот „Превета Богородица“- Заум со почеток во 9:00 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит г. Тимотеј и Повардарскиот Митрополит г. Агатангел.

По завршувањето на литургијата ќе се изврши осветување новоизградениот конак.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.