Летен режим за користење на паркинзите

ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид, ги известува граѓаните дека во летниот период (месеците јуни, јули и август) со почеток од 01.06.2016 година ќе изврши промена на цените за користење на паркинг простор во зона А и зона Б, со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.

Измената на цените се изврши со дадена одлука од Советот на Општина Охрид со број 08-6405/4, врз основа на донесена одлука на Управен одбор на „Билјанини Извори“ – Охрид со бр.02-481/2 од 04.05.2013 год. за летен режим на сообраќај во централното градско подрачје . Цените во зона А за физичко лице изнесуваат 40 денари за час, додека во зона Б цената за физичко лице за секој час паркирање изнесува 30 денари.