Во тек е изградбата на фекалната канализација во Горенци

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на селото Горенци каде се одвиваат градежни активности околу изградбата на новата фекална канализација. Досега поставени се 5.3 км полиетиленски цевки и бетонирани 157 шахти, а целокупната должина на канализациона мрежа согласно проектната документација изнесува 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти. Од увидот на лице место се оцени дека иведбата на градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од договорот. Градоначалниот Трајкоски истакна дека покрај тоа што се реализираат ветените проекти од Програмата за локални избори 2013, секогаш ќе има слух и за проектите што не се ветени, каков што претставува изградбата на Фекалната канализација во с.Горенци, проект кој не е ветен, а е доведен пред самиот крај на реализација.

Со изградба на оваа фекалната канализација ќе се приберат отпадните води од селото Горенци и ќе се спроведат до главниот колектор кој се протега покрај реката Сатеска. Денес во селото не постои никаква канализациона мрежа. Отпадните води се собираат индивидуално во септички јами, што значи загадување на подземните води и уништување на животната средина.

Изградбата на фекалната канализација е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како мерка 321.3 за Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини.Вкупната вредност на инвестицијата е 15.673.916 денари.