Б2Б средба на микро и мали претпријатија во Охрид

Утре во Охрид, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија и имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, ќе биде домаќин на Б2Б вмрежување меѓу компании од Полошки, Пелагониски, Источен и Североисточен регион.

Целта на настанот е вмрежување меѓу учесниците во Проектот. На вакви бизнис средби, тие имаат можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и најважно од сè, да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.

Пред присутните ќе се обрати Билјана Дамевска, заменик директор на Проектот, ЦЕЕД Македонија.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, ги поддржува микро и малите бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на Проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД.