Прекин на водоснабдувањето на ул. „Прилепска“ поради дефект на водоводна цевка

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес во утринските часови настанал дефект на главна водоводна цефка ф125 мм. на ул.„Прилепска“, поради што дошло до прекин на водоснабдувањето на истата.

Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид од раните утрински часови се на терен и работат на отстранување на дефектот, за кој велат дека се предвидува да биде отстранет до 13:00ч.