При чистење на машина за подлоги повреден жител Дрслајца

Вчера во 18.00 часот во СВР-Охрид, доктор од МЦ Охрид пријавил дека кај нив бил донесен Ц.С. (31) од с.Дрслајца,струшко, кој бил повреден во пределот на прстите на десната рака. По овластување на Јавен обвинител полициски службеници извршиле разговор со Т.С. од с.Драслајца, сопственик на фирмата каде што работел повредениот. Истиот изјавил дека настанот се случил околу 17.00 часот во објект на ул.„Димитар Влахов“. Увидна екипа од СВР Охрид и Државен инспектор за заштита од работа излегле на лице место при што е утврдено дека Ц.С. ја повредил десната рака во пределот на прстите при чистење на машина за подлоги. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.