Празнична вечерна богослужба по повод Св.Еразмо

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14ти јуни (вторник), во манастирот Свети Еразмо – Охрид, со почеток во 19:00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот посветен на „Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

15 јуни 2016 година (среда), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.