Светски ден на крводарителството

Светскиот ден на крводарителството се одбележува секоја година на 14 јуни.

Темата за оваа година е: „Крвта не поврзува сите нас“. Целта е да им се заблагодариме на крводарителите за нивниот „подарок“ кој спасува животи, а со тоа крвта не поврзува сите нас. Исто така да се создаде поширока свест за потребата од редовно дарување крв и да се поттикнат оние кои не дарувале крв да започнат да го прават тоа, а земјите да покажат благодарност кон оние кои донирале и придонеле за снабдувањето со крв.

Ова е серија од три видеа во кои се прикажани приказни на луѓе чии животи се спасени преку дарување на крв, заблагодарувајќи им на крводарителите за нивниот дар на животот, а и охрабрување на луѓето да се грижат еден за друг.