Повик за пријавување на слободни капацитети

Општина Охрид преку Секторот за Туризам и Локален Економски Развој во насока на подигање на локалниот економски развој и во функција на развој на локалното стопанство иницира активности за поврзување на понудувачите и на оние кои имаат потреба од слободни капацитети за проширување на своите производствени, трговски и други активности.

За таа цел Секторот за туризам и локален економски развој располага со база на податоци за слободни стопански капацитети кои можат да се стават во функција на оние кои имаат потреба од тоа.

Со цел ажурирање на постојната база на податоци Ве покануваме да го пополните соодветниот формулар за побарување односно понуда за слободни капацитети погодни за инвестирање.

Формуларите каде можете да ги оставите Вашите податоци можете да ги преземете на следниот линк: ( формулар 1 ; формулар 2) и истиот да го испратите на е-mail: info@ohridler.gov.mk .

Пријавата за слободни капацитети можат да ја пополнат павни и физички лица чии што објекти се лоцирани на територија на општина Охрид најдоцна до 15.07.2016 година