Започна со работа ПЗУ „Никодам-Медика“ Велгошти

Започна со работа ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“, лоцирана на ул. „Илинденска“ бр.96, во село Велгошти Охрид.

Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги.

Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот.

Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Работно време: 08:00 – 16:00 часот

ПЗУ НИКОДАМ – МЕДИКА

Улица: „Илинденска“ бр.96  Велгошти – Охрид

тел: 071/338-806

e-mail: nikodam_med@yahoo.com

www.facebook.com/Pzu-Nikodam-medika

This slideshow requires JavaScript.