Света архиерејска литургија по повод Духовден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 19 јуни 2016 година (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9:00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.

20 јуни (понеделник), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Духовден“ (втор ден) во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.