Доделување на признанието „Инженерски прстен 2016“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес пред манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски”, во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2016″ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжeнерските дисциплини.

Традиционалната манифестација „Инженерски прстен” која е во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.