Одбележан 20 јуни – Денот на формирање на ЗП Охрид и Дебрца и јубилејот 70 -години од СЗПМ

ЗП Охрид и Дебрца со пригодна свеченост го одбележа 20 јуни-Денот на формирање на здружението и јубилејот 70 -години од СЗПМ.

Со рецитации и хумор за пензионерите, дедовците и бабите, се преставија членовите на Драмско-рецитаторската секција при ЗП Охрид и Дебрца, составена од ученици од сите етнички заедници од охридските основни училишта, под раководство на Ристана Мојсоска. Со една музичка точка на виолина се преставија и ученици од Музичкото училиште „Методи Патче“.

Потоа следуваше врачување на подароци и Благодардници. Уметнички фотографии со мотиви на Охрид му беше врачена на СЗПМ кој годинава го одбележува јубилејот 70 години од пензионерското организирање во Македонија, и на збратименото ЗП „Солидарност- Аеродром“ од Скопје.

На Основните учлишта „Христо Узунов“ и „Братство Единство“ им беа врачени Благодарници за повеќе-годишната успешна соработка во организирањето на Меѓугенерациската и мултиетничката средба меѓу пензионерите и учениците од овие две училишта.

Одбележувањето на 20-јуни Денот на формирањето на ЗП Охрид и Дебрца заврши со настапот на КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца со сплет охридски староградски песни.