Се градат трибини на спортското игралиште во ОУ „Св.Климент Охридски“

По налог на Локалната самоуправа градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” – Охрид започна со реализација на проектот за изведба на трибини на повеќенаменското спортско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски”.

Трибините ќе бидат направени од армиран бетон, а финансиската конструкција на овој градежен зафат изнесува околу 660.000 денари.

Се очекува изведбата да заврши за околу две недели.

tribini_2016_4001