Кривични пријави за стружани кои бесправно граделе во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј. (77) од Охрид, и против З.И. (49) и Н.Д. (50), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на месец мај 2016 година, без поседување на одобрение за градба издаден од надлежен орган, на имот сопственост на првопријавената на ул. „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид извршиле доградба на објект во кој инвеститор била првопријавената, а додека второ и третопријавените биле изведувачи. Од страна на градежен инспектор од Охрид констатирано е истото за што е донесено решение за отстранување на градбата.