Продолжува реконструкцијата на училиштето во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат околу проектот за реконструкција на Основното училиште во Оровник, каде деновиве започна втората фаза од реконструкцијата на Основното училиште.

„Во втората фаза се предвидува замена на кровот, изработка на фасада, изработка на нови плафони, глетовање и молерисување на внатрешните ѕидови, поставување на нова електрична, водоводна и канализациона инсталација и нови санитарии за најмалите ученици. Со завршувањето на втората фаза од реконструкцијата, училиштето ќе добие комплетно нов лик и од следната учебна година учениците во подрачното основно училиште во Оровник, наставата ќе ја следат во целосна реновирана училишна зграда.“ – информираат од Општина Дебрца.

0-orovnik faza-2 33_cr

Проектот преставува дел од низата проекти кои ги спроведува Општина Дебрца во делот на образованието, подобрување на воспитно образовните установи и создавање услови за непречено одржување на наставата на учениците и вработените.

0-orovnik faza-2 22_cr

Реконструкцијата на Училиштето е проект на Општина Дебрца во соработка со Југозападниот плански регион кој го спроведуваа проектот за енергетски ефикасни објекти во Југозападниот Плански Регион, за кој проект се одобрени средства од Бирото за регионален развој. Вкупната инвестициона вредност на втората фаза од реконструкција изнесува 2.006.797,00 денари бев вкалкулиран ДДВ.

0-orovnik faza-2 44