Јолевски на Рамазански ифтар со вработените во Министерството за одбрана

„Сакам да ја искористам оваа прилика да Ви го честитам овој свет месец. Нека Вашите домови и Вашата заедница бидат исполнети со мир и благосостојба“ – истакна Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на вчерашниот Рамазан ифтар со дел од вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија од муслиманска вероисповед.

Јолевски рече „Се додека сме убедени дека нашиот пат е поплочен со доблестите на нашата вера ние ќе го достигнеме зенитот на нашата цивилизација преку почит на еден спрема друг и заеднички живот“.

За време на вечерата Јолевски и присутните разговараа за традицијата на Рамазанскиот ифтар и за начините на кои истата се пренесува на младите генерации.