Вечерна богослужба и света литургија за празникот Св. Наум Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2-ри јули(сабота), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид со почеток 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“.

На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

На 3ти јули(недела), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.