Од утре ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата

Од утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води.

Ограничувањата за пловидба на скутерите е за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.

Kajce