Приведен возач на камион кој превезувал мигранти

Денес околу 06:00 часот од страна на УПС од ПС за ГН„Белановце“, на локалниот пат од с.Речица-с.Ваксинце, при кaонтрола на ТМВ„Волво“ со скопски регистерски ознаки а управувано од М.Д.(35) од Велес, биле пронајдени 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш кој ги превезувал за одреден паричен надоместок. Истиот е приведен и во моментов се врши разговор. Известен е јавен обвинител за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

image-0 image-001