Нова пешачка патека покрај Охридското езеро

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денес изврши увид во изградената пешачка патека на Охридското езеро во општина Дебрца.

Патеката е во должина од околу 120 метри и инвестирани се 12 милиони денари или околу 200 илјади евра.

Мисајловски истакна дека со изградбата на оваа патека овозможено е уште едно место каде жителите на Дебрца и туристите ќе можат да се релаксираат во овој период од годината.

Разговаравме со градоначалникот патеката да ја прошириме и да додадеме дополнителни содржини. Во Охрид работиме многу проекти во завршна фаза е проектирање на пешачка патека од центарот на Охрид до црквата Св. Јован Канео, како и уредување на плажата во Лагадин, истакна министерот.

Тој додаде дека отпочнале и со изградба на пешачка патека околу Преспанско езеро во должина од 5.2 километри и инвестиција од 50 милиони денари.