Хајндл утре ќе се сретне со потписниците на Договорот од Пржино

Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, утре ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

Предвидени се и разговори со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи Никола Попоски и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Според најавата од германската амбасада во Скопје, Хајндл утре би требало да даде и изјава за медиумите.

Извор: meta.mk