Заврши асфалтирањето на улиците во Ботун

Пред сам крај е изградбата на улиците во село Ботун, каде градоначалникот на општина Дебрц, Игор Трајкоски изврши увид на лице место врз градежните активности каде заврши поставувањето на асфалтен слој.

„Извршено е реконструкција на улици со надградба над постојниот асфалт со нов асфалтен слој со д=7см со ширина но коловозот од 3.0-3.5 метри банкини од 0.75 см и проширување на улицата на одредени места потребни за паркирање. Во наредниот период ќе следи поставување на тротоари поплочени со бехатон плочки. Инвестицијата е дел од проектот за реконструкција на улица во с. Ботун со должина од 1 км.“- информираат од Општината.

Реконструкцијата на улицата во Ботун е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција та за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како мерка 322.2 за Обнова и развој на селата со вкупна вредност од 9.459.950 денари со вклучен ДДВ.

Градоначалникот Трајкоски Истакна дека вложувањето во инфраструктурата допринесува за развојот на Општината.