Руските туристи со препорака: Посетете го Охрид и хотелот „Аквалина“

Група туристи од Русија престојува во Охрид, односно во хотелот Аквалина кој се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан.

Гостите беа пречекани со коктел за добредојде организиран од надлежните во хотелот. Во изјава за WebOhrid,  туристичкиот водич, Јулија Самоилова, вели дека за разлика од другите земји кои ги посетиле, туристите се премногу задоволни и од Охрид и од хотелот Аквалина, од односот, гостопримството на хотелот, од изгледот на собите, од организацијата, од храната и начинот како ги дочекаа домаќините. 

„Јас веќе по втор пат сум тука, запознаена сум со убавините на Охрид, но првпат доаѓам со група. Јас се надевам дека руските туристи ќе дојдат повторно во поголем број и ќе остануваат подолго време. Сакам да кажам дека за нас русите е интересно да одмориме и на езеро, малку се разликува од тоа што сме навикнати на море. Многу ми жал што во Русија има многу малку информација за Охрид и за Македонија. Еве токму годинава почна малку повеќе да се дознава. Се надеваме дека од наредната година ќе имаме можности, материјали да дознаеме повеќе за Македонија, за Охрид. Енергијата на ова место е  многу поблиска за нас, бидејќи Македонија и Русија се православни земји и кога ги посетуваме местата ние се чувствуваме како дома. Наредната тура на руски туристи ќе дојде кон средината на месец јули, а до крајот на летото уште четири пати. За нас, русите како љубопитни туристи, најмногу ни се интересни ни се историските знамениетости на државата, сакаме да откриваме, сепак многу го цениме духот на народот и гостопримството, нешто што не влечи да доаѓаме и понатака.“– истакна Самоилова.

Менаџерот на хотелот Аквалина Охрид, Илче Димитриески најпрво им се заблагодари на гостите што избраа да престојуваат во хотелот Аквалина и се надева дека бројот на руски туристи во иднина ќе се зголемува.

„Прво да им се заблагодарам што го избраа нашиот хотел за престој тука. Се надеваме дека и ние во понатомошна соработка ќе почниме веќе на зголемен број на руски туристи да доаѓаат кај нас во Македонија, особено во Охрид. Ние ги цениме руските туристи, сакаме и правиме напори да ги донесеме во Македонија. Ќе ни биде мило да е продолжиме оваа соработка и понатаму, а нив останува да ги разгледаат убавните на Охрид, да видат што точно нуди Охрид, па се надеваме да дојдат и во зголемен број. Ние како хотел настојуваме да привлечеме што поголем број на руски туристи.“ – изјави Димитриески.

Некои од туристите доаѓаат првпат во Охрид, но има и такви, кои понесени од убавата природа, гостопримството и историските облележја се враќаат повторно. Оние што првпат доаѓаат велат дека се воодушевени од убавините на нашиот град и дека повторно ќе дојдат.

„Град со посебна атмосфера, прекрасен град,  многу ни си допадна, ние првпат гледаме вакво нешто. Видовме многу објекти со специфична архитектура, какви што досега не сме виделе. Огромен е впечатокот од езерото, бидејќи такво не видовме огромно и чисто. Многу ни се допадна овде, почнувајќи од тоа како стигнавме до овде, како не дочекаа во хотелот, дефинитивно ова е најдобриот хотел. На сите би им препорачале да го посетат Охрид и хотелот, затоа што вреди да се посети, има што да се види.  Кога би се враќале ние самите во Охрид, би го избрале хотелот Аквалина. “ велат руските туристи Иван и Марина.

За време на престојот, руските туристи ги посетија стариот дел дел на градот, културните и историски знаменитости и манастирскиот копмплекс Св.Наум.

WebOhrid