Две години од хеликоптерската несреќа кај Струмица

Денес, делегација на Министерството за внатрешни работи, заедно со семејствата на трагично загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков во хеликоптерската несреќа што се случи на 10ти Јули 2014 година кај Струмица, одадоа почит на спомен обележјето во Аеродромската база ,„Брест“ во Петровец.