Се чистеше патот кон селото Завој

Во изминативе денови екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на патот кој води до селото Завој, со цел да се зголеми прегледноста за движење на возилата.

„Ангажирани беа 5 работници за косење на тревата и сечење на трњето покрај коловозот, при што беа отстранети големи количини на зелен отпад.“- велат од претпријатието.

Fotor_146822766107824 (1)